-За отворени рани при проширени вени на нозете-
Одамна лешникот се користи како средство за лекување на многу болести. Се верувало дека лешникот е плод на мудроста и знаењето.
Фамилија: Betulaceae
Латински: Corylus avellana
Медицински: Coryli avellani folia, cortex
Англиски: Haselnut
Германски: Haselnuss
Италијански: Corniolo
Француски: La cornuiller
Содржи:
Кората на лешникот содржи околу 5% катехински танин, малку смола, флавонски хетерозиди (жолтата боја), етерични масла. Во листот се содржат околу 120 мг% витамин Ц, а во семето околу 50% масло со околу 90% олеинска и линолна киселина.
Бидејќи содржи многу масти и белковини, семката се користи во исхраната.
Содржи калиум во просек и до петпати повеќе од останатото јаткасто овошје, а железо и трипати повеќе. Богат е со магнезиум, калциум и флуориди.
Содржи фолна киселина, витамин Е и пантотенска киселина.
За отворени рани при проширени вени на нозете се користи следниот народен лек:
Кора од лешник се вари во растворено вино со вода (50:50), па од чајот се прават облози кои се ставаат на нозете. За истата цел може да послужат и листовите од лешник кои претходно ситно ќе се исечкаат.
Истиот чај се користи и како бања (ладна!) за хемороиди, но и против дијареа. Танините ги стегаат крвните садови.
Во медицината се прави екстракт а од него маст за хемороиди:
10 г екстракт од листови и кора
10 г ланолин
25 г маст од пупки од топола.
Оваа маст служи како добра замена за ретката и со висока цена, америчката билка Hamamelis Virginijana.