Ако ги сакате слатките со кокос, тогаш задолжително пробајте ја оваа едноставна торта.

Потребни состојки:

2 јајца
200 г шеќер
200 мл млеко
100 мл масло
200 г брашно
1 прашок за печиво
2 лажици какао

За фил:

1 литар млеко
250 г шеќер
7 лажици гриз
200 г кокос

Постапка:

Прво пригответе го филот: Во 200 мл млеко ставете гриз и оставете го на страна додека преостанатото 800 мл млеко се вари на страна.
Кога ќе проврие млекото, додадете ја смесата од млеко и гриз.

Малку варете со постојано мешање, додека да добиете малку поретко од густината на пудинг. Потоа тргнете од оган, додадете кокос и измешајте.

Сега на ред е приготвувањето на кората: јајцата изматете ги со шеќер и кога се добро изматени додадете млеко, масло и брашно во кое претходно сте промешале прашок за печиво и какао.

Половина од оваа смеса истурете ја во калап број 30 и ставете во рерна да се пече на 180 степени. Кога е до половина печено, извадете од рерна, распоредете го приготвениот фил, а преку филот преостанатата смеса за кора и вратете во рерна да се допече до крај.

Извадете ја тортата и украсете ја по желба. Можете одозгора да ја прелиете со чоколадна глазура или едноставно само да наросете кокос.