-Како се прави мед од сибирски бор, лек за бронхитис

Медот од сибирски бор е проверен лек за болести на дишните патишта а особено на бронхитис, а тајната за неговото приготвување ја открива познатиот пчелар Чедо Пејиќ од Власина.

Борот кој го преживеал леденото доба е изворно и најдобриот за приготвување на боров мед, бидејќи содржи компоненти кои другите четинари ги немаат.

Сибирскиот бор или ариш (larix sibirica) е застапен во северните и северозападните делови на Сибир, но доведен е и на Балканот. Чедо Пејиќ секоја година го приготвува овој мед кој е многу лековит. Неговата подготвка се одвива во две фази и мора точно да се води сметка во кое време се собира полен а кога се берат игличките од овој бор.

„Цвета при крај на зимата, некаде во март. Цветот во еден момент е преполн со поленов прав и потребно е да се знае точно времето за барење: Во фазата кога правот преминува во бобинки, а на врвот избиваат млади иглички кои во даден момент се полни со лековита смола.

Кога ќе се појави тој полен, тој се собира и се меша со мед, но никако багремов бидејќи багремовиот содржи голем процент на сахароза и до 10%, мора да биде со процент најмноги 1%. Сето се остава да отстои 21 ден и потоа се процедува. На еден килограм од таа тинктура се додава пет килограми мед, но се додава и мед со млади иглички, открива Чеда, кој понатаму го објаснува целиот процес.

За втората фаза мора да се почека крај на мај, кога на врвовите се формира плод кој следната година ќе биде шишарка. Шишарките се преливаат со врела вода и се варат уште половина час, а потоа се оставаат да отстојат во тоа вариво еден ден. Потоа се меша со првиот мед и така го добивате БОРОВИОТ МЕД.

„Проверено е добар за лекување на настинки и кашлица. Одличен е за хроничен бронхитис, делува против сите видови настинки и други болести на дишните органи. ДЕЛОТВОРЕН е за бубрези и црева, се користи во комбинација со планински мед, перла и прополис во случај на пад на имунитетот.

После било која болест на организмот му ја враќа силата. Има противвоспалително, аналгетско и антиалергиско дејство. Добар е за надворешна употреба, за лекување на гнојни рани и акни кај младите – набројува Чедо.