Кантарионовото масло одамна е познато како масло кое се нанесува на сите рани. Ценето е одамна како антивирусен, антибактериски и антимикробен лек со кој се третираатпрвенствено проблеми со кожата – разни, изгореници, исеченици, чиреви, акни, лузни но и проширени вени, хемороиди, реума, воспалени нерви и мускули.
Помага при:
-рани на кожа
-изгореници
-воспаление на јајници, цисти
-вагинални инфекции
-хемороиди
-проширени вени
-чиреви
-лузни
-стрии и акни
-реума и гихт
-воспалени мускули и нерви
Предупредување: При користење на било кој препарат од кантарион, масло, тинктура или чај, не треба долго да се престојува на сонце, зошто кожата станува преосетлива на сончевите зраци.
Постапка за приготвување на кантарионово масло
Потребни состојки:
-свежи цветови кантарион
-маслиново масло за кожни рани )сончогледово, лешниково и сл. за хемороиди)
Постапка:
Соберете млади цветови од жолт кантарион, па исперете ги во ладна чиста вода и оставете ги еден ден да се исушат. Исечкајте ги ситно гранчињата и ставете ги во стаклена тегла.
Прелијте доволно маслиново масло за да биде билката прекриена.
Затворете добро и оставете ја теглата на сонце – за надворешна употреба, или на тополо но под сенка за орална употреба. Оставете времето да си го направи своето.
Теглата треба да отстои околу 40 дена, но потребно е секој ден по малку да се протресува. После еден месец можете да забележите дека маслото ја сменило бојата и станало црвено. Тоа е знак дека активните состојки од билката се преминати во маслото.
Тоа е кантарионово масло. После 40 дена процедете го во помали шишенца (по можност темни или обвиткајте ги со алу-фолија) кои можете да ги чувате на темно и ладно, но најдобро е во фрижидер за да не “ужегне” маслото.
Употреба:
Маслото е најдобро да се употреби во рок од една година. Важно е да знаете дека кантарионот е фототоксичен, што значи дека после негово нанесување на кожа не смеете да се изложувате на сонце зошто може да ви направи темни дамки.
Меѓутоа, доколку случајно изгорите, можете да се намачкате во тенок слој и да не излегувате повторно на сонце.
Орална употреба: по една мала лажичка масло, три до петпати дневно при сите воспаленија на слузокожата од дигестивниот тракт (хранопроводник, желудник, црева…)
Чај: Наутро две големи лажици лист и цвет прелијте со 800 мл врела вода. Оставете поклопено 10 минути. Процедете 200 мл чај и пијте во голтки во текот на 15 минути, млако без мед или шеќер. Остатокот од чајот оставете го со талогот и пијте по потреба во текот на денот.
Се пие за воспаление на бели дробови, гастритис, слабокрвност, нервна напнатост, главоболки, болест на црн дроб, жолтица, чиреви на црева.
Терапијата со чај трае 4 до 6 седмици за воспаление на грлото од матка, со услов дневно да се испие повеќе од 800 мл чај од кантарион.