Извор на фото: Шеталиште

Сливничкиот манастир е манастирски комплекс кој се наоѓа на 3 km од истоименото село Сливница во падините на Баба Планина, Македонија. Манастирката црква (Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ – Сливница) е посветена на Богородица.

Манастирот се наоѓа на 3 километри од селото Сливница, на источниот брег од Преспанското Езеро. Пред 100 години околу манастирот се простирала огромна борова шума која изгорела во пожар.

Манастирот е подигнат во 1607 година, и според описот е граден во три фази, и тоа од 1607, од1612 и главно во 1645 година. Од тој период потекнува и живописот во храмот, како и дрвениот иконостас со престолните икони, царските двери и големиот крст.

Стар е 400 години. Во склоп на манастирот има конаци кои ги користат жителите на Преспа. Конаците се изградени при крајот на XVII век и на два пати биле опожарени. 

Неговата обнова е започната во 1994 година и до 1998 год. обновени се 20 конаци со 90 легла. Во манастирот има и лековита вода. Манастирската црква е посветена на Света Богородица.

Во дворот на манастирот постои чешма за која се верува дека е света и лековита вода.

Од кои болести лечи оваа вода, ќе ни објасни Чичко Бошко, служителот во оваа црква:


Чичко Бошко, домарот на црквата вели дека водата која извира од под манастирската црква лечи од болести и помага за пород.

-Оваа вода досега им помогнала на брачни двојки што биле во брак и по 19 години без деца. Помош бараат дури и Албанци што разбрале за нејзината чудотворност- раскажува чичко Бошко.

Освен водата, чичко Бошко вели им помага и Богородица. Верува дека и нему пресвета Богородица го спасила од змијско каснување.

Пред повеќе од 30 години во шумата близу манастирот берел печурки. Змија поскок била намотана околу една печурка од која за малку ќе настрадал.

Само што ја подал раката, чул непознат глас од шумата, кој му рекол да не ја фаќа печурката оти ќе го касне змија.

Од тогаш домарот од закоравен комунист почнал да верува во Бога и до денес не се дели од манастирот.