Данска диета – за 13 дена, 20 килограми помалку

Не станува збор за традиционална диета туку за начин со кој се поттикнува организмот побрзо да ги согорува мастите и да ги исфрли вишокот течности, со што диетата делува и по нејзиниот престанок.

Овој диетен програм може да се започне во било кој ден од неделата, но се препорачува тоа да биде токму – недела. Самата диета трае 13 дена и не е многу лесна, но затоа е екстремно ефикасна.

Со оваа диета доаѓа до големи промени во организмот, а ефектите траат цела година!

Ако ја следите правилно диетата, може да го изгубите вишокот килограми и тоа (во зависност од почетната тежина) од 7 до неверојатни 20 килограми!

Воведни напомени:

Диетниот план мора да се следи точно 13 дена, ни помалку ни повеќе и како што веќе напоменавме, мора да се следи буквално како што е напишано, и да нема отстапки, ниту мали измени.

-Ако во текот на диетата испиете на пример едно пиво или една чаша вино, џвакате мастика или јадете некоја друга храна, различна од онаа наведената, мора диетата веднаш да ја прекинете бидејќи ќе нема никаков резултат.

-После тоа, диетата може да се повтори дури после 6 месеци, не порано.

-Ако сте ја следеле диетата до крај, т.е. точно 13 дена, не би требало да ја повторувате во следната цела година, но се препорачува да не ја повторувате во следните две години.

-Кога сте гладни, пијте вода (најмалку 2 литри)

-Кафето може да се замени со чај

-Мора да користите шеќер во коцки

Скоро секој ден се јаде посебна салата, па така е згодно да ја приготвите за неколку денови однапред.

Рецепт за салата:

ИСЕЧКАЈТЕ: ЗА ПРЕЛИВ:
1 кг моркови 100 мл масло
1 кг бела зелка 50 мл јаболкова киселина
1 црвена пиперка ½ мала лажичка шеќер
1 зелена пиперка ½ мала лажичка сол
1 праз

Измешајте ги сите состојки и прелијте преку нив со состојките наведени погоре. Оставете да отстои еден час. Промешувајте повремено.

Салатата може да ја чувате во пластичен сад, во фрижидер. Може да остане свежа до три седмици. Ако е за едно лице, тогаш е доволна и половина од горенаведените количини.

ДАНСКА ДИЕТА-МЕНИ ПО ДЕНОВИ:

ДЕНОВИ ПОЈАДОК РУЧЕК ВЕЧЕРА
1 1 чаша црно кафе, 1 коцка шеќер 2 тврдо варени јајца, варен спанаќ во вода, 1 домат 1 голема шницла (230 г), салата
2 1 чаша црно кафе, 1 коцка шеќер 1 парче шунка, 1 чаша јогурт 1 голема шницла, салата
3 1 чаша црно кафе, 1 коцка шеќер, 1 парче тост-леб 2 тврдо варени јајца, 1 парче шунка, салата Варен целер, 1 домат, 1 овошје
4 1 чаша црно кафе, 1 коцка шеќер, 1 парче тост-леб 1 литар џус, 1 чаша јогурт 1 варено јајце, 1 рендан морков, 25 г младо сирење
5 1 голем изрендан морков со лимон 1 големо парче риба варена со лимон и малку путер (бакалар, шкарпина околу 230 г) 1 голема шницла, салата, варен целер
6 1 чаша црно кафе, 1 коцка шеќер, 1 парче тост-леб 2 варени јајца, 1 голем изрендан морков 1/2 пиле на ражен, без кожа, салата
7 1 чаша чај без шеќер НИШТО 1 јагнешки котлет на жар, свежо овошје
8 1 чаша црно кафе, 1 коцка шеќер, 1 парче тост-леб 2 варени јајца, 1 парче шунка, салата Варен целер, 1 домат, 1 овошје
9 1 чаша црно кафе, 1 коцка шеќер 1 големо парче шунка, 1 чаша јогурт 1 голема шницла, салата, овошје
10 1 чаша црно кафе, 1 коцка шеќер, 1 парче тост-леб 2 варени јајца, 1 парче шунка, салата Варен целер, 1 домат, 1 овошје
11 1 чаша црно кафе, 1 коцка шеќер, 1 парче тост-леб 1 литар џус, 1 чаша јогурт 1 варено јајце, 1 рендан морков, 25 г младо сирење
12 1 голем изрендан морков со лимон 1 големо парче варена риба со лимон и малку путер 1 голема шницла, салата, варен целер
13 1 чаша црно кафе, 1 коцка шеќер, 1 парче тост-леб 2 варени јајца, 1 голем изрендан морков ½ пиле на жар без кожа, салата

Пред почеток на било каков диетален режим на исхрана, консултирајте се со својот матичен лекар и својот нутриционист!

Loading...