Многу едноставно а превкусно!
Фото и рецепт: Блага Јованова
Потребни состојки:
1 пакување готови кори, се делат по три кори за еден ролат
За активирање на квасецот:
300 мл млеко
1 лажиче шеќер
1 коцка квасец
4 големи лажици брашно
За прелив:
Кашата со активираниот квасец
200 мл масло
4 лажици брашно
За фил:
400-500 г дробено сирење
2 белки
За наросување:
2 жолчки
Сусам
Постапка:
Прво поделете ги корите по три на секое купче, за да знаете и филот на колку дела да го поделите.
Затоплете 300 мл млеко, да биде млако, па во него растворете 1 коцка свеж квасец, 1 лажича шеќер и 4 големи лажици брашно. Убаво промешајте да се изедначи кашата и оставете на топло 10-15-тина минути за да се активира квасецот.
Потоа додадете 200 мл масло и уште 4 лажици брашно.
Се редат три кори: првата се попрскува со масло, втората се премачкува со кашата, а врз третата се реди издробеното сирење помешано со две белки. Се витка како ролат и се реди во намастен плех и обложен со хартија. Вака се постапува со сите кори.
Одозгора се премачкува со жолчка и сусам, се остава да одмори околу половина час, па се пече во загреана рерна на 200 степени околу 35-40 минути.
Фото и рецепт: Блага Јованова