-Таа ноќ додека бев во шок собата, лекарите ми рекоа дека веројатноста да умрам е 99%, само еден 1% ми дадоа дека ќе преживеам.
Бев на работ на смртта, сите ме отпишаа. Во тој момент, сакав само да оздравам, а знаев дека тоа не може да се случи освен со помош на Бога“ – го започнал својот разговор Миодраг Тодоровиќ од Белград.
Тодоровиќ изјавил дека неговото излекување е чудо и се должи на верата, молитвата и самиот Бог, преку кои се спасил од проблемите во кој бил.
Бидејќи бев во многу лоша состојба, посакав да добијам вода од Света Петка. Таа ноќ додека бев во шок собата, лекарите ми рекоа дека веројатноста да умрам е 99%, само еден 1% ми дадоа дека ќе преживеам.
Беше 10 часот навечер, а јас сето време размислував за тоа кога ќе дојде некој да му кажам што ми е потребно.
Дојде докторот после некое време, ме праша дали може нешто да ми донесе, нешто што ми е потребно и му побарав вода од Света Петка.
Ми рече: „Добро, ќе ти донесам утре“, на што јас го замолив тоа да го направи вечерта.
„Инаку имав сепса и беше прашање на време кога ќе умрам. Утрото, кога брат ми ми донесе вода помислив: „Сакам да ја испијам оваа вода па нека умрам“.
Другиот ден ми беше подобро и состојбата почна да ми се поправа. Во меѓувреме искрено се молев.
Додаде дека редовно, пости од кога знае за себе и неговата ситуација е само уште една потврда дека во Бог е спасот.
Исто така, како што наведува Курир.рс, од разбирливи причини Миодраг не сакал да биде објавена негова фотографија.