ЃЕВРЕК ПОГАЧА со јогурт – би било штета да не пробатe толку вкусна погача

За некои е Слоново уво-прекраснотија!

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

600 г брашно тип 500 (меко)
40 г свеж квасец
1 јајце
1 лажичка сол
1 лажичка шеќер
50 г маргарин
250 мл млако млеко
3 лажици јогурт

ФИЛ:

120 г маргарин
1 јајце
2 парчиња сирење
За премачкување:
1 жолчка
Малку масло
Сусам

ПОСТАПКА:

Замесете го тестото од наведените состојки и оставете да надојде.

Развлечете со оклагија кора со дебелина од половина прст.

Од тестото вадете кругови со чаша како за крофни.

Круговите редете ги во длабока тепсија или шерпа, така што секој круг ќе легне до половина врз претходниот, а помеѓу веднаш ставате и фил.

Оставете ја погачата 20-тина минути да нарасне, премачкајте ја со разматена жолчка, наросете со сусам и печете на 220 степени околу 30 минути.

Кога ќе зарумени ставете одозгора фолија за да не изгори.

ФИЛ: маргаринот, јајцето и сирењето соединете ги со виљушка. Можете и друга комбинација да ставите по ваш вкус.

coolinarika.com

Loading...