Home Народна медицина Универзален лек со чувар куќа за сите болести

Универзален лек со чувар куќа за сите болести

Станува збор за извонреден универзален лек кој може да се употреби кај различни здравствени проблеми и потешкотии, особено кај потешките болести.

Sempervivum tectorum е лековито растение кое кај нас најчесто е познато под името “чувар куќа”.

Неговото име ја репрезентира неговата способност за одржување во живот дури и при различни услови, но и го репрезентира местото каде најчесто може да се сретне – токму на крововите од куќите и околу нив.

Чувар куќата и медот: ги отстрануваат цистите и миомите, ги лечат желудечните тегоби предизвикани од хеликобактер пилори, го зајакнуваат имунитетот, ги ублажуваат проблемите со штитната жлезда, го олеснуваат варењето, го подобруваат системот за дигестија, го елиминираат затворот и го регулираат проблемот со тврдата столица, ги лечат воспаленијата на слузокожата и помагаат кај многу други болести и тегоби.

Младите зелени оревчиња (Juglandis immaturi fructus) содржат големо количество на витамин Ц и други витамини и фенолни соединенија, а добиениот мед им се дава на хронично болни луѓе, на слабички деца и слабокрвни.

Од овој зелени оревчиња се прави и прочуениот мед од кој пак се приготвува многу лековитата ракија за прочистување на црниот дроб, желудникот и крвта.

Се применува за подобра работа на штитната жлезда, за болести на грлото и респитарониот тракт, особено бронхитис, за зголемување на имунитетот…
Многу луѓе овој народен лек го пробаа и буквално се заколнаа во неговата делотворност, а еве и како се прави:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 г зелени оревчиња, 200 г мед и 200 г мелени листови чувар куќа

ПОСТАПКА: Оревчињата треба да бидат набрани додека се уште зелени. Сите состојки се ставаат во тегла и се остава да отстои 40 дена со повремено мешање. После 40 дена смесата се процедува и спремна е за употреба.

Употреба: трипати дневно по една чајна лажичка, пред јадење, на гладно. После тоа да не се јаде и да не се пие ништо половина час. Да не се претерува со консумација поради јодот и да се запазува препорачаната дневна доза.

Ако се користи една година може да се отстранат сите кожни заболувања, се подобрува работата на штитната жлезда, крвта се прочистува од токсини а организмот од паразити.