Веќе со децении овој сок им се препорачува на луѓе кои се борат со карцином, бидејќи ја враќа енергијата, го подига имунитетот и ја подобрува крвната слика.

Се прави многу едноставно, а единствена мана му е што за некои можеби не е премногу вкусен, но сепак, тоа е работа на личен вкус.

Резултатите се толку добри што вреди да го пијат дури и оние на кои не им се допаѓа вкусот.

Станува збор за сок од цвекло и морков. Имено, веќе со децении овој сок им се препорачува на луѓе кои одат на хемотерапија, бидејќи совршено се бори против сите последици од овој вид на лекување. Вреди секоја испиена голтка, бидејќи ве враќа во живот!

Затоа велат дека буквално – подига од мртви – и не е наменет само за оние кои имаат здравствени проблеми.

Доколку се чувствувате преморено, немате енергија и депресивни сте, можеби токму овој сок е она што ви е потребно. Се приготвува многу едноставно.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 кг цвекло
1 лимон
½ кг морков
3 портокали
3 јаболка
1 кг мед

ПОСТАПКА:

Сите состојки едноставно исчистете ги и ставете ги во соковник. Ќе добиете сок со црвена боја кој треба да го складирате во стаклени шишиња. Се чува во фрижидер.

Употреба: се пие наутро на празен стомак, по половина чаша, голтка по голтка.
Ако го пиете овој сок секојдневно, веќе за десет дена ќе ја почувствувате неверојатната промена.