-Д-р Востоков живеел во манастир: Овој рецепт ги регенерира клетките и лекува разни болести
Д-р Виктор Востоков, фитотерапевт, во емисијата за природно лекување на руската телевизија го откри рецептот за приготвување на тибетанскиот чај кој ги регенерира клетките во организмот, ја продолжува младоста и го одржува општото здравје на човекот:
„ …Дваесет години се обучував во манастирите на Тибет. Живеев таму, во Монголија, во Индија, во Непал, Лаос… Ги проучував тајните на тибетанската медицина…“
Ова е рецептот кој го продолжува животот и ја здржува младоста:
Потребни состојки:
100 г камилица
100 г кантарион
100 г смил (Gnaphalium uliginosum)
100 г пупки од бреза
100 г лист од шумска јагода
*Сите состојки можете да ги купите од Билна аптека
Подготовка:
Сите билки убаво измешајте ги. Од мешавината земете две супени лажици и прелијте ги со половина литар зовриена вода. Смесата ставете ја во термос и оставете да отстои 5-6 часа.По изминатото време, процедете го чајот.
Употреба:
Пијте двапати дневно од овој чај, пред јадење, по една чаша. Пијте го чајот во текот на 20 дена па направете пауза од еден месец.
Според зборовите на д-р Востоков, билките се внимателно одбрани, а истите се комбинираат и меѓусебно дополнуваат, па затоа оваа комбинација е добра за лекување на многу болести, а покрај тоа го продолжуваат животот и не’ одржуваат млади.