Се топи во уста, целата е кремаста.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

Кора: (х3)
3 белки
3 лажици шеќер
50 г мелени лешници или ореви
½ лажица брашно

ЗА КРЕМ:

1 литар млеко
9 жолчки
100 г шеќер
3 лажици брашно
3 пудинг од ванила
300 г млечно чоколадо со сечкани лешници
300 г бело чоколадо
250 г путер или маргарин
500 мл слатка павлака за шлаг

ПОСТАПКА:

За кори: изматете ги белките во цврст снег со постепено додавање на шеќерот.

Со лажица додадете го брашното и мелените лешници. Испечете ги корите на 180 степени.

За крем: жолчките, шеќерот, брашното и пудинзите сварете ги во млекото и кремот поделете го на два дела.

Во еден дел додадете чоколадо со лешници, а во друг бело чоколадо.

Мешајте додека чоколадото да се растопи.
Кога кремите ќе изладат, во секоја додадете половина путер пенасто изматен, па премачкајте ги корите. Украсете по желба.