Лапни – голтни! Многу ми се допаднаа како излегоа моите шарени топчиња од компир, па одлучив да ги споделам со вас.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 кг бел компир
200 г кашкавал (може и посен димен ако сакате)
200 г мајонез (или лајт посен)
1 лажица сол и црн пипер по вкус
80 г ленено семе

ЗА ДЕКОРАЦИЈА:

Сечкан свеж магдонос
Сусам
Рендан морков и малку лимонов сок за да не потемне
Малку пропржени солени кикирики, дробени

ПОСТАПКА:

Сварете го компирот и изгмечете го како за пире. Кога малку ќе излади, додадете мајонез и добро соединете.

Смесата оставете целосно да излади.
Изрендајте кашкавал и соединете со изладениот компир.

Додадете сол, црн пипер и ленено семе. Пробајте, па ако е потребно досолете.

Сега можете со дланки да формирате топчиња.

Дел од топчињата валкајте ги во дробени кикирики, дел во ситно сечкан магдонос, дел во ситно рендан морков )кога ќе го изрендате морковот накапете малку лимонов сок за да не оксидира и да не потемне).

Дел од топчињата валкајте ги во пржен сусам, а дел во крупно рендан кашкавал.
Топчињата наредете ги врз листови од зелена салата.
Визуелниот ефект е загарантиран!