Бананите се хранливо овошје кое претставува исклучителна храна и чувар на нашето здравје.
Вообичаено како што тоа се случува со повеќето овошни и зеленчукови плодови, од нив го користиме само плодот а кората односно лушпата ја фрламе.
Неретко се случува кората да содржи многу повеќе хранливи материи одошто самиот плод. Па така, бананите се богати со многу витамини и минерали, како и растителни влакна.
Ова жолто тропско овошје освен сладок вкус нуди и многу здравствени бенефити.
Вкусна ужина од само 100 калории, природен начин за разубавување на кожата, лек за мачнини и запек, извор на енергија… бананите се достапно овошје кое буквално можете да го носите насекаде затоа што е лесно за консумација.
Но, дали знаете дека и лушпата од бананата не е за фрлање, бидејќи крие свои позитивни страни? Еве некои од најпопуларните придобивки од егзотичната банана:
ПРИРОДЕН ЛЕК ПРОТИВ ПСОРИЈАЗА
Еднаш или двапати дневно протријте го делот од кожата засегнат од псоријаза со внатрешноста на лушпата од зрела банана.
Бананата помага за хидратација на кожата и намалување на црвенилото, но и на чешањето. За неколку дена би требало да има видливи резултати.
НАМАЛЕН РИЗИК ОД МОЗОЧЕН УДАР
Консумирањето на три банани дневно го намалува ризикот од мозочен удар со 21%, покажало истражување кое следело 250.000 лица во период од 30 години.
Главниот „виновник“ за тоа е калиумот, којшто го намалува крвниот притисок, кој од своја страна е главен предизвикувач на мозочниот удар.
ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД БРАДАВИЦИ
Непријатните израстоци по кожата наречени брадавици во некои случаи може да исчезнат со третман со банана.
Отсечете мало делче од внатрешната страна на лушпа од банана и поставете го врз брадавицата. Залепете го со фластер. Отстранете го следното утро. Повторувајте го ова секој ден додека брадавицата да исчезне.
МАСКА ЗА МЕКА КОЖА БЕЗ БРЧКИ
Бананите можат да ви послужат и за разубавување, затоа што ја навлажнуваат и омекнуваат кожата.
Маска 1: Испасирајте една банана и додадете една жолчка од јајце. Нанесете ја смесата на лицето и оставете ја 15-тина минути. Потоа исплакнете до млака вода, пребришете со тоник и нанесете хидрантен крем.
Маска 2: Испасирајте една банана и додадете ¼ шолја јогурт (или кисело млеко) и 2 лажички мед. Нанесете ја на лицето и вратот и оставете ја 20 минути. Постапете исто како и за претходната маска.
Нахранете ги цвеќињата
Ставете ја лушпата од банана во голем сад полн со вода, измешајте ја смесата, а потоа едноставно налејте ја оваа смеса во саксиите со цвеќе. Лушпата од банана брзо се разградува и во земјата испушта голема количина на хранливи материи.
Доколку додадете лушпа од банана во земјата на растенијата, ќе им овозможите да апсорбираат калциум, магнезиум, сулфур, фосфати, калиум и натриум, а сите тие се од витално значење за здравиот раст на вашите растенија.
Упатство: Пресечете ја кората од банана, на помали парчиња. Вкопајте ги во земјата на растенијата коишто сакате да ги наѓубрите, најдобро веднаш до корењата. Потоа, пополнете ги направените дупки со земјата и веднаш наводнете ги растенијата.
Избелете ги вашите заби со лушпа од банана
Зрелите лушпи од банана се многу богати со калиум, па тие можат да ви помогнат да ги намалите жолтите дамки на забите, коишто се јавуваат како резултат на пиење кафе, чај или јадење боровинки и малини.
Упатство: Првин, измијте ги убаво забите со четка за заби и паста и исплакнете ја устата. Потоа, со внатрешниот дел од кората, тријте ги забите околу 2 минути. Повторно исплакнете ја устата и повторувајте ја оваа постапка, секојдневно.
Лушпите од банана помагаат во борбата против мигрените и главоболките
Доколку сте во потрага по природен лек за вашите главоболки, не го барајте подалеку од вашата кошничка со овошје. Ако ја нанесете врз челото и на задниот дел од вратот, тоа може да ви помогне да ја надминете болката. Ваквиот ефект, се должи на калиумот којшто го содржи лушпата.
Упатство: Ставете ја кората од банана во фрижидер, во времетраење од еден час. Нанесете ја едната половина од лушпата по должината на челото, а другата на тилот. Оставете да седат така, сè додека не се стоплат.
Повторете ја постапката со други ладни лушпи, доколку сè уште чувствувате главоболка и забележете како болката полека исчезнува.