Вакви саксии можете да направите и сами во својата градина.

Старите предмети можете да ги искористите за инспиративно и уникативно декорирање на вашиот дом.

Ослободете ја вашата креативност или едноставно послужете се со овие одлични идеи за вашата градина која може да добие ново стилско руво.

Искористете ги тапите од вино

Ова се мали и уникатни детали кои можат многу да придонесат за изгледот на вашата градина.

Доколку сте страсен љубител на виното и имате своја домашна колекција од тапи, послужете се со неколку од нив и претворете ги во мали цветни градини кои ќе бидат дел од вашата градина.