Фото и рецепт: Елена Мишковска

Сармата со лешников лист ја правам многу години наназад и можам да речам дека е дури и повкусна од онаа со лозов лист.

Во пропрженото со кромид месо додавам ориз, црвен пипер, сол, црн пипер, босилек, магдонос и нане што дава неодолив вкус.

Фото: Елена Мишковска (сарма со листови од леска)

Потребни состојки:

1 кг мелено месо (600 г свински пафлак со 400 г јунешка плешка или нешто по свое)
1 шолја ориз
1 прстофат оригано
1 лажичка мелен црвен пипер
40-тина листови од лешник (млади и два часа отстојани во солило)

Саламурење на листот во врела вода со сол, најмалку 2 часа

Постапка:

Меленото месо издинстајте го во тава додека да ја промени бојата и да почне да се двои, па додадете малку оригано, сол и црн пипер (можете и малку путер за да се збогати вкусот).

Фото: Елена Мишковска (Листови од леска)

Потоа додадете го оризот и пропржете уште малку.

Секоја сарма се полни со смесата од месо и ориз и се витка исто како сармата од лозов лист.

Пропржено мелено месо со кромид и ориз

Сармите редете ги во земјен или друг соодветен сад и прелијте ги со вода (може и малку вино, но тоа по вкус).

Фото: Елена Мишковска (сармички со лист од леска)

Се пече на 200-220 степени околу 1 час и 20 минути под капак, а потоа уште 30 минути отворени.

Фото: Елена Мишковска (сармички со лист од леска)

Откако ќе го отворите капакот, сармичките прелијте ги со половина филџан масло и едно лажиче црвен пипер и допечете ги.

Фото: Драгица Арсовска

Сармичките треба да имаат малку течност кога ќе бидат готови, зошто при нивното ладење ќе ја впијат.

Фото: Зорица Наумовска
Фото: Рахилка Димовска

Од Македонска кујна, некогаш и денес