За мене ова е најдобриот рецепт за чупавци.
Потребни состојки:
4 јајца
12 големи лажици шеќер
12 големи лажици масло
12 големи лажици млеко
12 големи лажици брашно
1 ванилин шеќер
1 прашок за печиво
за чоколадно натопување:
350 мл млеко
4 лажици шеќер
¼ путер или маргарин (околу 60 г)
250 г чоколадо за готвење
Постапка:
Пенасто изматете ги јајцата со шеќер и ванилин шеќер. Додадете масло па со најмала брзина на миксерот промешајте. Додадете млеко, па промешајте на ист начин.
Брашното измешајте го со прашок за печиво па додавајте го постепено во смесата од јајца и повторно со миксер, на најмала брзина измешајте.
Печете во намастен плех со средна величина (34х28) на 180 степени околу 20-30 минути, пробајте со чепкалка. Кога ќе излади исечете го на коцки.
За чоколадното натопување: ставете го млекото со путерот и шеќерот на оган и оставете сето да се растопи. Тргнете од оган и додадете го чоколадото, па мешајте додека тоа да се растопи.
Кога малку ќе излади, со една рака натопувајте парче колаче во чоколадниот сируп (не се грижете ако ви се чини редок, не треба да биде многу густ, малку и колачот прима, а служи за да се налепи кокосот на него), а со другата рака валкајте го во кокос.
И тоа е тоа, уживајте во вкусот…
Coolinarika.com