Добивме неколку прашања од типот „Дали може магнезиум хлорид да помогне при вишок калциум во зглобовите?“

Се појави голем интерес за оваа тема, бидејќи на Интернет кружи писмото на свештеникот Јан Шора кој тврди дека со консумирање на магнезиум хлорид го излекувал својот болен ’рбет поради кој останал речиси парализиран. Истраживме и еве што дознавме:

Калциумот и магнезиумот се клучни за здравјето на коските

Калциумот е важен за оскостување и високиот внес на калциум штити од болести како што се остеопороза и кариес. Меѓутоа, доколку калциумот не се внесува заедно со магнезиум, може да предизвика повеќе штета отколку корист.

За апсорпција на калциум потребен е магнезиум, а доколку го нема, неапсорбираниот калциум се таложи во телото, најмногу во коските и зглобовите. Тогаш се јавуваат симптоми на артритис. Доколку калциумот се наталожи во срцето може да дојде до поголеми компликации.

КАЛЦИФИКАЦИЈАТА (таложење на калциум во ткивата) може да предизвика болести на срцето, карцином, збрчкана кожа, бубрежни камења, остеопороза, проблеми со забите и други здравствени проблеми.

Здравите клетки во телото имаат висок процент на магнезиум и низок процент на калциум.

КАКО ТРЕБА ДА СЕ КОНСУМИРА МАГНЕЗИУМОТ?

Магнезиумот доаѓа во повеќе облици. На пример, магнезиум сулфат се користи како лаксатив (при опстипација). Магнезиум хлоридот најдобро се апсорбира во телото, па затоа се предлага консумирање во таков облик.

МАГНЕЗИУМ – МИНЕРАЛ ЗА ПОДМЛАДУВАЊЕ

Калциумот е многу важен минерал, но се додека се наоѓа во забите и во коските. Тогаш кога ќе започне да се акумилира на зглобовите и во меките ткива – започнуваат проблемите.

Константното консумирање на магнезиум ја помага апсорпцијата на калциумот, па на тој начин не се акумулира вишокот. Со доволна количина на магнезиум не доаѓа до окостување на зглобовите.

„Магнезиумот може да ги лекува дегенеративните калцификалции на нашите телесни структури поврзани со стареењето, и со тоа, да ни помогне да се подмладиме“ – вели био-терапевтот Волтер Ласт.

Едно искуство што го најдовме на интернет:

Пијам магнезиум хлорид уште многу одамна и чувствувам големо намалување на болките во рамото, а помалку ми крцка коленото.

ДОЗИРАЊЕ И ПРОГОТВУВАЊЕ НА МАГНЕЗИУМ ХЛОРИД

Во шише ставете 33 г магнезиум хлорид. Долејте 1 литар млака вода (свештеникот препорачува тоа да биде дестилирана). Шишето затворете го и добро протресете го за да може смесата да се промеша. Се чува во фрижидер, но и не мора. Нема рој на траење.

Дневна доза: 50 до 100 мл (мала шолја за кафе)

Еве, на вас останува да одлучите дали сакате да пробате или не. Споделете ги вашите искуства.