Никој од моите гости не остана рамнодушен! Од другите слични рецепти се разликува по тоа што пред печењето кратко се замрзнува за да може потоа убаво да се сече на парчиња (без да паѓа филот) и да се испече.

Потребни состојки за еден ролат:

7 готови кори
Малку газирана вода и масло
1 чаша кисела павлака
200 г кечап
200 г сечкана шунка (или салама по избор)
300 г
300 г печуркикашкавал

За премачкување:

2 јајца
1 чаша кисела павлака
1 кесичка оригано

Постапка:

Раширете ги првите две кори и двете наросете ги со малку масло и газирана вода. Раширете ја третата кора преку двете и врз неа нанесете цела кисела павлака. Раширете ја четвртата кора преку третата, па преку неа распоредете 200 г сечкана шунка (јасно е дека само првите две кори се прскаат со масло и газирана вода).

пица пита ролат

Петтата кора ставете ја преку четвртата, па премачкајте со 200 г кечап. Преку шестата кора распоредете 300 г кашкавал. На седмата кора нанесете 300 г пржени печурки (мора да се испржат додека течноста да испари од нив).

пица пита ролат

Вака наредените кори свиткајте ги во еден ролат кој внимателно се пренесува врз подлога и се остава еден час во замрзнувач убаво да се стегне. Кога ќе биде подмрзнат ролатот подоцна.

Значи, ролатот се сече на тркалца со дебелина од еден прст, се редат врз намастен плех обложен со хартија за печење. Секое парче се премачкува со мешавина од јајце и павлака. Одозгора се наросува со оригано.

Се пече на 200 степени, па кога ќе зарумени се намалува температурата и уште малку па се допекува.

пица пита ролат