Правилно одбраните парчиња облека ни помагаат да ги истакнеме квалитетите и да ги сокриеме несовршеностите. Тоа не се однесува само на облеката туку и на костимите за капење.
Ќе ви откриеме 10 модели на костими за капење кои ќе ви помогнат да го сокриете вишокот и недостатоците, а притоа одлично ќе изгледате на плажа или базен.
Костим со карнери
Карнерите ги прикриваат проблематичните зони од горните делови на рацете, а во случај на широки бедра фигурата ја прават складна. Ова е вистински избор за девојки со тип на фигура “круша”.
Костим со мрежа
Овој едноделен костим за капење ќе ви помогне да го сокриете вишокот, а полупроѕирната мрежичка ќе ви ја даде потребната секусалност.
Костим High-neck
Кај овој модел горниот дел кој се протега кон вратот, помага да се прикријат сите несовршености во зоната под пазувите, а се издолжува дорниот дел на торзото, поради што фигурата изгледа повитко.
Костим со подигната половина
Костимите со доста висок струк добро ги кријат сите недостатоци. Овој модел на костим ќе ви додаде плус центиметар, па затоа не се препорачува за високи девојки.
Костим Plunge
Едноделниот модел на костимот за капење со длабоко деколте за храбри девојки. Долгата вертикална линија многу добро ја издолжува фигурата и ја прави витка. Поради специфичниот крој, овој костим не се препорачува за девојки со бујни гради.
Костим Tankini
Горниот дел на овој модел е продолжен топ, а долниот се еден вид шорцеви. Доколку имате наслаги околу половината, одберете верзија со широка маица. Во случај на проблематични бедра, добар избор е варијантата со продолжен топ кој потсетува на фустан и се нарекува swimdress.
Костим Mayo
Едноделен костим со пришиени бретели и V – израз кој го издолжува горниот дел од торзото. Имитација на преклоп и дијагонални, попречни ленти кои ставаат акцент на половината.
Костим Skirtini
Идеално решение за оние кои сакаат да сокријат несовршености во областа на колковите. Со краткото здолниште одлично иде полн градник со вкрстени набори (bandeau).
Kостим во стил на Pin-up
Имитација на подигнат струк ја прави фигурата витка, а цврстите корпи одлично ги држат градите. Ситните туфни визуелно не ја зголемуваат силуетата, и притоа комбинацијата воопшто не е досадна.
Повеќеслоен костим
Карнерите на костимот одлично го кријат вишокот килограми, но ако сте пониски, овој модел би можел да направи да изгледате гломазно.