Болеста не е секогаш апел на телото, таа понекогаш се јавува за да не опомене дека нешто со нашата психа не е во ред – сметаат руските експерти за психосоматски болести. Лицето кое постојано се жали на главоболка, а нема сериозен физиолошки проблем, неговата болка е буквално создадена од психолошка и физичка напнатост.
Кога лекарот ќе ви рече „се’ е тоа на нервна база“, тој не сака со тоа да ве “откачи“, туку ви сугерира дека можеби причината за вашите тегоби не е само физиолошка. Во тој случај, традиционалното лечење на телото треба да се дополни со разрешување на емоционалните проблеми.
Сепак, тоа не значи дека ако имате алергија, треба да се заклучи дека потекнувате од пропаднат брак. Сето тоа не треба да се сфати како конечна дијагноза, туку како поттик за размислување за себе и за своите емоции. Обратете се на лекар специјалист поради своите тегоби или на психијатар доколку не можете да ги решите емоционалните проблеми.
НЕСИГУРНОСТ – АЛЕРГИЈА. На алергија честопати се склони луѓе кои си ги негираат сопствените капацитети, не умеат да се спротивстават ниту да го изразат незадоволството. Можно е родителите на лицето кое пати од алергии, да биле конфликтни личности, да се карале често и да имале сосем спротивни погледи на светот.
ПЕРФЕКЦИОНИЗАМ – АРТРИТИС. Ова е болеста на големите перфекционисти, претерано одговорни луѓе, кои не умеат да кажат – не, и веруваат дека никој не ги сака. За лицата кои патат од артритис главно важи дека постојано се подготвуваат некому да се истурат во лице, но тоа никогаш не го прават.
НИЗОК ЕМОТИВЕН IQ – СРЦЕВИ ПРОБЛЕМИ. Проблемите со срце се поврзани со негрижа за сопствените чувства. Човек кој себеси не се смета за вреден и способен за љубов, не верува дека таа постои или пак се воздржува себеси да покаже топлина и нежност кон другите, по правило, има проблем со некое срцево заболување.
СТРАВ ОД НЕМАШТИЈА – ЗАБОЛУВАЊЕ НА РБЕТОТ. Заболување на долниот дел од грбот се поврзува со страв од немаштија и губиток на финансиската поддршка. Заболувања на средниот дел од грбот може да сигнализира дека патите од чувство на вина или дека живеете во минатото. Заболување на горниот дел од грбот ја сигнализира вашата потреба од морална поддршка.
СТРАВ ОД СМРТ – БОЛЕСТ НА ШТИТНАТА ЖЛЕЗДА. Пациентите кои имаат пореметување на тиреоидната жлезда имаат длабок, несвесен страв од смртта. Не е редок случај таквото лице во раното детство да доживеало некоја траума, на пример смрт на некој близок.
Потоа се труди тоа чувство да го потисне со прерано созревање, со потреба да се грижи за некого. Затоа кај овие луѓе страда органот кој го регулира метаболизмот на сите ткива во организмот.
СЕМЕЈНА НЕВРОЗА – БРОНХИТИС. Ако постои нервоза во домот, лоша атмосфера и чувство на безизлезност кој го има некој од вашите најблиски, може да предизвика бронхитис.
КОМПЛЕКС НА НИСКА ВРЕДНОСТ – ВЕГЕТАТИВНА ДИСТОНИЈА. Функционални пречки во областа на автономниот, вегетативен нервен систем се поврзуваат со инфантилност, комплекс на ниска вредност, несигурност и самообвинување.
БЕС – ВОСПАЛИТЕЛНИ ПРОЦЕСИ. Склоност на разни воспалителни процеси се развива поради мноштво животни ситуации кои ве разлутуваат и ве разочаруваат.
САМОСОЖАЛУВАЊЕ – ГАСТРИТИС. Се јавува како псоледица на потиснато самосожалување или поради неспособност да се излезе на крај со ситуацијата „сите се против мене“.
ОПСЕСИВНОСТ – ХЕМОРОИДИ. Хемороидите може да бидат предизвикани од постојан страв дека нема ништо да се заврши во предвидениот рок, неспособност да се решат натрупаните проблеми, да се одбраните од навреди, страв од губиток на контролата над емоциите, како и страв од било кој вид на сепарација.
ПРИТИСОК НА ПОТСВЕСТА – ХЕРПЕС СИМПЛЕКС. Покрај вообичаените причини за оваа непријатна болест, постои и една многу скриена и многу моќна, а тоа е силна несвесна желба да се прават лоши, социјално неприфатливи работи.
НЕЗАДОВОЛСТВО ОД СЕБЕСИ – ВИСОК ПРИТИСОК. Се јавува како последица од претерана одговорност и желба да се работи без одмор. Лицата кои патат од висок притисок премногу се трудат да ги оправдаат туѓите очекувања, да бидат важни и да се стекнат со почит од другите, што често ги доведува во ситуација да заборават на своите потреби.
Затоа, кон развојот на ова заболување често придонесуваат ситуации во кои лицето не успева да ја стекне потребната почит. Игнорантскиот однос и перманентното незадоволство од себеси доведува до постојано „голтање на навреди“, и до хипертензија.
МАЛОДУШНОСТ – НИЗОК ПРИТИСОК. Малодушните луѓе обичност патат од низок притисок, кои во раното детство не добивале доволно љубов. Тие не веруваат дека било што и да направат дека има смисла или дека би можеле нешто да променат. Со нив владее чувство на немоќ и резигнираност.
НАПНАТОСТ – ГЛАВОБОЛКА. Лицето кое постојано се жали на главоболка, а нема сериозен физиолошки проблем, кај него таа болка произлегува од психолошка и физичка напнатост. Овој вид на стрес не е предизвикан од начинот на живеење ниту од обврските, туку од сопствени внатрешни конфликти.
Доаѓа од чувството на пониска вредност, од понижувања, како и од недостиг на сила и вештина да се спротивстави и одбрани во реални ситуации каде токму така треба да изреагира.
НЕДОСТИГ НА ЉУБОВ – ДИЈАБЕТЕС. На оваа болест и придонесуваат болка и тага, како и неспособност љубовта да се дава и прима. Дијабетичарот не покажува приврзаност, иако чезнее по неа. На несвесно ниво тој ја одбива љубовта иако таа длабоко му е потребна.
НЕПРИФАЌЊЕ НА СЕКСУАЛНОСТА – ГИНЕКОЛОШКИ ПРОБЛЕМИ. До разни гинеколошки проблеми придонесува неприфаќањето на сопствената женственост, како и свесно или несвесно уверување дека се’ што има врска со сексот и половите органи е валкано и грешно.
Вагиналните инфекции може да се јават и како телесно отсликување на бес кон партнерот. Жени кои биле жртви на сексуално насилство исто така патат од овие болести, во овој случај предизвикани од чувство на вина и желба самите да се казнат.
АМБИВАЛЕНЦИЈА – ЗАБОБОЛКА. Забите повеќе се расипуваат кај луѓе кои не знаат што сакаат, не веруваат дека целта која си ја поставиле е достижна, кои се амбивалентни и мислат дека тешкотиите и препреките на кои наидуваат се непремостиви.
ОТПОР КОН ОБВРСКИТЕ – МИГРЕНА. Како предуслов за мигрена се смета омразата кон обврските и кон се’ што е нужно, отпор кон реалниот тек на животот, но и страв од сексуалноста. Луѓето кои сакаат да бидат совршени, како и оние во кои се насобрало многу незадоволство во животот, патат од оваа болест.
ВНАТРЕШЕН НЕМИР – ДЕРМАТОЛОШКИ ПРОБЛЕМИ. Кожните заболувања сигнализираат дека лицето го мачи внатрешен немир, стравови, како и одрекување од одговорноста за сопствените чувства.
САМООСУДУВАЊЕ – БУБРЕЗИ. Болестите на бубрезите се поврзани со самоосуда, критицизам, разочарување и несреќа. На бубрежните болни постојано им се чини дека некој постојано ги измамува и понижува. Вакви и слични емоции предизвикуваат нездрави хемиски реакции во организмот.
ПОСТОЈАНА ГРИЖА – ЦИСТИТИС. Честите воспленија на бешиката имаат луѓе кои се оптеретени со грижа, кои се плашат од слобода и се опседнати со проблеми од минатото.
СТРАВ ОД СЕКС – ФРИГИДНОСТ. Фригидноста почива врз страв од впуштање во врски, страв од губиток на контролата и искажување на своите емоции. Понекогаш е предизвикана и од желба да се биде перфектен. Исто така, може да сигнализира и страв од уживање и уверување дека сексот е лоша работа.