Фото и рецепт: Верица Николиќ
Потребни состојки:
550 г брашно
1,5 лажичка сол
1 лажичка шеќер
½ коцка квасец
250 мл млеко
70 мл масло
1 јајце
За премачкување одозгора:
1 жолчка
2 лажици млеко
2 лажици масло
Постапка:
1.Во топло млеко ставете лажичка шеќер и раздробен квасец, па оставете на топло да се активира.
2.Во вангла ставете брашно, сол, масло, јајце и активираниот квасец. Замесете тесто, покријте го со крпа и оставете да го удвои волуменот.
3.Тестото премесете го, па оставете го уште еднаш да надојде. Потоа префрлете го ма набрашнета работна површина и поделете го на 10 топчиња.
Од секое топче формирајте лепиња и редете во плех обложен со хартија. Ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 180 степени.
4.Кога ќе добијат убава златнорумена боја, извадете го плехот и прекријте со крпа. Кога лепчињата малку ќе подизладат може да се послужат.
Фото и рецепт: Верица Николиќ