Фото и рецепт: Сања Бугариновска

Потребни состојки:

240 мл млака вода
240 мл млако млеко
240 мл масло
2 лажички шеќер
1 лажочки сол
1 кг брашно
2 сув квасец
70 г путер
150 г сирење
1 жолчка од јајце и сусам

Постапка:

Се меша квасецот со млаката вода и шеќерот. Се остава 5 минути да се активита квасецот.
Се додаваат останатите состојки и се меси меко тесто. Се остава да стаса.

Се дели тестото на 4 дела.
Од секое топче се развлекува кора, се премачкува со омекнат путер и се ренда сирење.

Се витка ролат и се сечат ролнички како кифли.
Се премачкуваат со јајце и се наросува сусам.

Се печат на 180 – 200 степени околу 40 минути.

Фото и рецепт: Сања Бугариновска