Острог: Таткото го оставил четвртото дете на пруга, а потоа се случило чудо

Манастирот Острог е свето место за кое може да се слушнат многубројни чудни приказни за лекување на болните.

Тие се неверојатни, а многумина решаваат да го посетат овој манастир како би оздравиле, бидејќи, надежта последна умира.

Токму таква е и приказната за едно девојче, кое прогледало после посетата на Острог.

Таа е родена 1960 година, како четврто, непосакувано дете. Таткото ја оставил на пруга, сакајќи да умре. Меѓутоа еден добар човек го слушнал нејзиниот плач и ја спасил.

Заедно со сопругата го посвоиле оставеното девојче, и буквално и го спасиле животот.

Сопружниците биле пресреќни со приновата, со оглед на тоа што не можеле да имаат деца.

Ја одгледале со многу љубов, трпение и пожртвуваност. После два месеци забележале дека има проблем со видот. Контактирале лекар и нивните претпоставки се потврдиле.

Родителите ја воделе по разни лекари, но, за нејзината болест немало лек. Потоа слушнале за манастирот Острог и решиле таму да побараат помош.

Свештениците се молеле над неа. Последната ноќ, девојчето сонувало ангел кој и рекол: „Дојди кон мене“.

Таа останала уште неколку дена во манастирот, а потоа почнала да гледа сенки и облици, за на крај целосно да прогледа!