Ван Акен, уметник и професор на Универзитетот Сиракуза, создал дрво кое раѓа до 40 различни плодови.
Волшебното дрво co 40 различни плодови
Bo 2008 година Ван Акен започнал co создавање на хибридни растенија за потребите на една од неговите изложби. Дрвото започнало како мал чуден експеримент и во поголемиот дел од годината изгледа како секое друго дрво.
Меѓутоа, на пролет, кога почнува да цути, може да се види неверојатен пример за инспиративната моќ на природата. Цути во различни тонови, црвена, бела, розова. Дрвото е комбинација од праски, сливи, кајсии, бадеми и многу други кои најверојатно не сте ги виделе досега, вклучувајќи и овошја кои одамна се во изумирање.
Ван Акен досега има создадено 16 дрвца, кои се наоѓаат во музеи и приватни колекции низ земјата. Потребни се околу 5 години за да се развие едно дрво. Генерално повеќето од основните овошја се погодни за калемење и се меѓусебно компатабилни. Ван Акен експериментот го започнал co праски и кајсии, за co текот на времето да дојде до 40.
Ван Акен користи т.н. „чип за пресадување“, а целиот процес вклучува потсекување на гранката и на нејзино место вметнување на гранка од друг вид на дрво. „Раната“ се фиксира со „облога“ додека да помине процесот на исцелување и да се појави пупка на новата гранка.
Во текот на период од неколку години Ван Акен ја повторува постапката се додека едно дрво да стане склоп од различни овошја, обоени напролет во различни бои.
Замислете, на исто дрво растат праски, кајсии, вишни….неверојатно!