Сите ги вариме и ги сакаме макароните, но еве еден полесен начин и побрз, без да ги цедите, без да миете садови, туку едноставно ставате да се пече. Овој рецепт го научив од ќерка ми и презадоволна сум.

Потребни состојки:

500 г макарони
2 јајца
500 мл јогурт
сирење
1 литар газирана вода
путер или масло за намастување на тепсијата

Постапка:

Во тепсијата ставете 4-5 лажици масло или намастете со путер, па истурете ги макароните и промешајте.

Во еден сад ставете јајца, јогурт, дробено сирење, добро измешајте и прелијте ги макароните. Повторно добро промешајте ги макароните и додадете сол ако е потребно.

Потоа полијте ги рамномерно со газирана вода. Најдобро е да полевате во еден агол полека така да се прекријат макароните одозгора.

Покријте ја тепсијата со алуминиумска фолија и ставете ја во загреана рерна да се печат макароните околу 30 минути.

Извадете ја фолијата и оставете да се запечат уште неколку минути додека да заруменат.

Готови се за послужување.

ВАШИ КОМЕНТАРИ:

Коментар на Aleksandar Bruce Makedonski: “na 500 grama makaroni malku se 2 jajca,  potrebni se 4-5 ili, na 100 grama makaroni- 1 jajce, zavisi od kalibraza. 

  poveke od 10 godini ovoj recept e vo nasata kujna, so mali izmeni, dopolnuvanja i modifikacii,  i vo sekoja verzija u tavceto ne ostane nisto :D”

Коментар на Цветанка Томовска: 

ПРАВАТА  РЕЦЕПТА  Е:  500ГР МАКАРОНИ  4-5 ЈАЈЦА  500МЛ МЛЕКО .

1Л КИСЕЛА ВОДА  ГАЗИРАНА ,400 ГР.  СИРЕЊЕ ,1ШОЉА МАСЛО  , 

1 ПЕЦИВО  ,  ЈАЈЦАТА СЕ МАТАТ  , СИРЕЊЕТО  СО ВИЛУШКА  СЕ ГМЕЧИ   ,  СЕ СТАВААТ МАКАРОНИТЕ  ВО ПРАВОАГОЛНА  ТАВА  СЕ ЗАЕДНО  СЕ СТАВА ВО ТАВАТА  СЕ СТАВААТ МАТЕНИТЕ ЈАЈЦА  ,  СИРЕЊЕТО  , МЛЕКОТО  , ПЕЦИВОТО ГАЗИРАНАТА 

КИСЕЛА ВОДА  СЕ МЕША УБАВО СЕ ВО ТАВАТА  И СЕ 

ПРОБУВА  АКО НЕ Е СОЛЕНО ОД СИРЕЊЕТО СЕ 

ДОСТАВА  СОЛ ПО ВКУС И СЕ ПЕЧЕ  30 МИН . НА 180, 200  СТЕПЕНИ

Макарони со газирана вода: без да ги цедите и да валкате садови, само истурате и печете во рерна