Сирупот кој може да се раствора со вода или газирана вода како освежителен сок, е популарна база за разни коктели и овошни пијалаци поради својот ароматичен вкус.
Сокот и сирупот не се консумираат во големи количини, туку неколку пати седмично или се користи за лекување на моментна болест.
Потребни состојки:
120 цветови ливадска жалфија
5 кг шеќер
5 литри вода
120 г лимонска киселина (лимонтос) или ставете неколку лимони
За помала доза:
300 г цвет од жалфија
50 г лимонска киселина
3 литри вода
2,5 кг шеќер
Заедно се ставаат на оган да зоврие, па се трга на страна 24 часа, по што се процедува низ газа, се додава шеќерот и уште еднаш се зоврива за да се растопи и се складира во шишиња.
Постапка:
Кога водата, шеќерот и лимонската киселина ќе се сварат, изгасете и додадете ги цветовите.
Оставете 2 дена поклопено и повремено промешувајте.
Потоа процедете и складирајте во шишиња.
Многу вкусно и освежувачки за летните горештини.
Може да се комбинира со вода и газирана вода.
Врши дезинфекција, го прочистува и освежува организмот, го помага варењето на храната и делува антиинфламаторно.