Потребни состојки:
500 г брашно
1 сув квасец – 11 г
1 јајце
250 мл млеко
2 лажици шеќер
1 прстофат сол
масло за пржење
џем
Постапка:
Активирајте го квасецот во топло млеко, па додадете јајце, измешајте, додадете сол, шеќер, брашно, па замесете го тестото.
Покријте го со кујнска салфетка и ставете го на топло место додека волуменот да зголеми за 2 пати.
Надојденото тесто поделете го на помали парчиња (18-20 парчиња). Секое парче развлечете го, во средината ставете од вашиот омилен џем или овошје, преклопете и прицврстете ги рабовите.
Пржете ги пирошките во загреана тава со растително масло од двете страни додека добие златнокафеава боја, на умерен до тивок оган.