Потребни состојки:

4 тиквици

3 јајца

150 г фета сирење

100 мл млеко + 1-2 лажици павлака

1 лажица брашно

сол и црн пипер

Постапка:

Измиените тиквички исечете ги по должина со нож за сирење на тенки ленти.

На работна површина испружете една лента, од половината натаму продолжете друга лента, па така трета и четврта лента – така што ќе добиете една долга лента од тиквички.

На почетокот ставете парче фета сирење и свиткајте во ролат по цела должина водејќи сметка свитокот да не е премногу стегнат.

Ваквите “сармички” редете г во огноотпорен сад претходно намастен и ставете да се пече во рерна околу 15 до 20 минути.

Јајцата, млекото, павлаката, брашното, сол и црн пипер, изматете во посебен сад. Може да додадете и рендан кашкавал или издробено ситно сирење. Сето измешајте го убаво и прелијте преку сармичките, па вратете во рерна да се допече додека да зарумени.

Вкупното печење е околу 40 минути, 20 плус 20 минути.

Наместо сирење можете да ставите и месо