Ако сакате вашите билки да бидат здрави и да цветаат долго и богато, направете раствор со квасец

Било кое саксиски цвеќе повремено треба да се прихранува, особено во вегетативниот период и во периодот на цветање. Да се предизвика зголемен раст и цветање кај најбезнадежните билки, ќе ви помогне обичниот квасец.

Фитохормоните, витамините од група Б и растителните хормони – ауксини кои се наоѓаат во квасецот, активно ја стимулираат делбата на клетките и раст на билките. Прихрана од овој вид користат професионални одгледувачи на билки.

Благодарение на ваквата прихрана, нагло се зголемува активноста на микроорганизмите во земјата, се зголемува јаглендиоксидот, микро и макроелементите, што има особено благотворно дејство врз кореновиот систем и надворешниот изглед на самата билка.

Значи, ако сакате вашите билки да бидат здрави и да цветаат долго и богато, можете да приготвите раствор за нивно прихранување.

Потребни состојки:

10 г свеж квасец

1 мало лажиче шеќер

1 литар топла вода

Постапка:

Растворете го квасецот во вода, додадете шеќер и промешајте. Оставете да отстои минимум два часа.

Со овој раствор полевајте го цвеќето двапати месечно во есенско-зимскиот период и еднаш во десет дена во пролетно-летниот.

Ќе забележите како листовите стануваат позелени, а цветањето станува побујно и побогато.