Здраво НМД! Уживам во вашите рецепти и честопати ги приготвувам, па да придонесам и јас со еден мој рецепт.

Ова е Банана леб кој го направи мојата 11 годишна ќерка. Многу лесно се приготвува, не се потребни многу состојки, супер оди со кафенце или шолја млеко. Ќерка ми е пресреќна што се’ сама праваше без моја помош, а исто како мене сака да готви и да помага во кујна.

Потребни состојки:

2 банани (изгмечени со виљушка)

200 г брашно

150 г шеќер

125 г путер/маргарин (половина коцка)

2 јајца

50 г чоколадо во парченца

1 прашок за печиво

Постапка:

Брашното, шеќерот и прашоко за печиво замесете ги, додадете јајца, растопен путер, па потоа бананите и чоколадото.

Печете на 180 степени околу 45 минути.

Калапот намастете го или обложете го со хартија за печење.