Потребни состојки:
500 мл млеко
3 лажици шеќер
2 пудинг од ванила
2 ванилин шеќер
помали јагоди
кокос за наросување
Постапка:
Сварете го пудингот според упатството на кесичката, но наместо еден, ќе ставите два пудинга во половина литар млеко.
Во млекото ќе додадете шеќер и ванилин шеќер.
Мали филџанчиња за кафе навлажнете ги со ладна вода и полнете ги со врелиот пудинг. Боцнете внатре по една јагода и оставете настана да излади.
Потоа филџаните превртувајте ги и наросете ги или валкајте ги во кокосово брашно.