Освен етерично масло, содржи калиум, калциум и натриум, а во народната медицина е позната како една од билките која најмногу се користи.

Според некои записи, дури и францускиот крал ја сврстил во строги прописи т.н. капитуларе, како една од 72 билки кои мора да се одгледуваат во сите селски, градски и црковни градини. Лекот за разни болести, за што сведочи и нејзиниот латински назив, што значи “да те спаси”.

Оваа чудесна билка расте и самонико, но може и да се култивира. Од најважните видови со најлековити својства припаѓаат: Salvia officinalis, Salvia sclarea и Salvia triloba.

За сируп од жалфија е најдобро да се берат врвовите кои тукушто расветале, бидејќи содржат најмногу активни и лековити состојки.

Потребни состојки:

300 г цветови од жалфија

50 г лимонска киселина (или лимонов сок)

3 литри вода

2,5 кг шеќер

Постапка:

Цветовите сварете ги заедно со лимонтусот или лимоновиот сок и оставете да отстојат 24 часа.

Процедете низ газа, додадете шеќер и повторно ставете на оган да зоврие за да се растопи шеќерот. Врелиот сируп складирајте го во шишиња и добро затворете ги.

1 РЕЦЕПТ ОД ЧИТАТЕЛКА:

Во 5 литри вода додадете 500 г шеќер, чист цвет од жалфија, исечете еден кг лимон и оставете 24 часови прекриено со газа.

Потоа процедете, додадете 3 кг шеќер, па ставете на оган да зоврие на тивко со постојано мешање додека да се растопи шеќерот. Додадете и неколку ванилин шеќер. Врелата смеса затворете ја во врели тегли или стаклени шишиња и чувајте на ладно и темно место. Се пие разредено со обична или минерална вода, се додава во чаеви наместо мед или шеќер.

2 РЕЦЕПТ ОД ЧИТАТЕЛКА

Сварете 3 литри вода со 2,5 кг шеќер и 50 г лимонтус. Кога ќе проврие варете уште 3 до 5 минути. Оставете речиси да се излади. Кога ќе биде млако додадете 300 г само цветови од жалфија без чашки. Оставете да отстои 24 часа, со повремено промешување. Процедете низ газа и складирајте во шишиња. Се добива околу 4-4,5 литри сируп за разредување.