Потребни состојки:

1 кг бело брашно тип 400

500 мл млеко

200 мл топла вода

1 коцка свеж квасец

1 прашок за печиво

1 лажичка шеќер

1 лажичка сол

1 шолјичка масло

за фил 1:

250 г путер или маргарин

2 жолчки

за фил 2:

3 парчиња тврдо кравјо сирење

1 полна лажица кајмак

за фил 3:

300 г шунка

7-8 кисели краставички

за премачкување:

2 белки

сусам за наросување

Постапка:

Во топла вода разматете ја коцката квасец, додадете 1 лажичка шеќер и 1 лажичка брашно и оставете да се активира. Во шерпа загрејте го млекото, па додадете го активираниот квасец. Во вангла пригответе го брашното, додадете сол, прашок за печиво и убаво промешајте. Во брашносто додадете го квасецот со млекото и водата и додадете шолјичка масло.

Замесете меко, мазно тесто. Ставете го тестото на топло и покријте го со крпа за да надојде и да се удвои. За тоа време пригответе ги филовите.

Фил1: пенасто изматете го путерот со две жолчки.

Фил: издробете го сирењето и соеднинете го со кајмакот.

Фил3: ситно исечкајте ја шунката и краставичките и промешајте ги.

Удвоеното тесто премесете го и поделете го на два еднакви делови. Еден дел развлечете го во облик на правоаголник со дебелина од половина см.

Потоа премачкајте го со половина од фил 1, па врз него додадете половина од фил 2 и половина од фил 3.

Правоаголникот свиткајте го како ролат и малку притиснете го со рацете одозгора за да се добие потенок правоаголник. Потоа исечете триаголници. Редете ги на плех обложен со хартија и премчкајте ги со разматена белка и наросете со малку сусам.

Рерната загрејте ја на 200 степени и печете околу 20-25 минути. Додека се пече првиот плех, постапката повторете ја и со второто тесто.