Дали сте позитивни или негативни на Лазаревиќ тестот: доколку во текот на сите три делови од тестот се појави болка долж нервот ишијадикус – тогаш сте позитивни.
Болка наречена ишијас: тоа е болка која минува низ најдолгиот нерв во човековото тело, ишијасниот или скијатичниот нерв, а се чувствува долж ногата се’ до крајот на стапалото, постои болка во задникот и задниот дел од негата, отсечна болка во долниот дел од грбот при станување.
Во дијагнозите на пациенти кои имаат болка во грбот често се среќаваат изразите “Лазаревиќ негативен” или “Лазаревич позитивен”, без објаснување кој е човекот кој го носи ова презиме и што конкретно претставува овој тест.
Имено, станува збор за знак, односно резултат од спроведен тест кој во медицината се нарекува Знакот на Лазаревиќ.
Овој тест името го добил според белградскиот лекар Лазар Лазаревиќ кој во 1889 година прв го опишал тестот за дијагностицирање на ишијасот.
Тестот на Лазаревиќ се состои од три дела:
-прво, пациентот треба да застане во стоечки исправен став и полека да започне да се наведнува кон напред, односно да се превиткува во половината, без притоа да ги свитка колената.
-во вториот дел од тестот пациентот лежи на грб и се доведува во седечка положба. Притоа, не се дозволени движења во колената, односно нозете остануваат право испружени.
-и во третиот дел пациентот лежи на грб а ногата ја подига нагоре во воздух.
Доколу во сите три делови од тестот се јавува болка долж ишијасниот нерв, Лазаревиќ е позитивен.
Д-р Лаза Лазаревиќ болката ја опишал како последица на истегнување на ишијасниот нерв и неговите корени, што било спротивно на дотогашниот став дека појавата на болка е последица на мускулна компресија на нервот.