Селска лисната погача – прсти да излижеш! Толку мека и вкусна, се топи во уста. Запишете си го рецептот и направете ја питата што редовно ја приготвуваа нашите баби, не само за свечени пригоди, туку и често преку целата година. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки: 1 кг брашно, 500 мл млеко, 3 јајца на собна температура, 250 г путер или маргарин, 100 мл растително масло, 1 коцка свеж квасец (40 г), 1 лажица сол, 1 лажица шеќер, 400 г тврдо, ситно сирење или по желба
Постапка: квасецот изронете го во малку млаку вода со малку шеќер и брашно, па промешајте да добиете густа смеса како за палачинки, без грутчиња. Оставете ја 10-тина минути на топло место за да се активира квасецот.
Брашното просејте го, сипете ја солта, па во средината направете вдлабнување како бунарче и тука сипете го активираниот квасец, две цели јајца и една белка, масло и топло млеко. Замесете средно тврдо тесто и оставете го покриено да се одмори десет минути.
Потоа поделете го на 24 топчиња. Земете едно топче и развлечете го во коричка со величина на мала чинија и премачкајте ја со омекнатиот путер. Потоа наросете ситно издробено сирење.
Продолжете ја постапката и со останатите топчиња. Последната коричка кога ќе ја ставете не ја премачкувате.
Од сите наредени корички развлечете една голема кора и ставете ја во намастена тепсија бр. 36 и исечете на коцки. Одозгора премачкајте ја со изматена жолчка (може и 1-2 лажици млеко, но не мора). Оставете половина час да одмори тестото и да го удвои волуменот.
Печете во загреана рерна на 250 степени првите 10 минути, а потоа намалете на 200 и допечете ја погачата. Готовата погача оставете малку да одмори па послужете ја исечена на коцки.