Денес во 21 век технологијата е толку напредната што себеси максимално си го имаме олеснато животот, измисливме вештачка интелигенција, патувавме во Вселената… меѓутоа, живееме во време кога се’ уште некои болести земаат залет, а деца умираат од тешки болести. Како е ова можно? Постојат толку многу лекови, а ние суштински себе не успеавме да си помогнеме.
Она што оваа приказна ќе ве фрапира е едноставноста на рецептите за кои се тврди дека ги лекуваат сите болести. Нема да ви бидат потребни илјадници евра или долари, нема да бидат потребни егзотични патувања или средби со гуруа, како ни рецензии во модерно опремени болници.
Имено, изворот кој сакаше да остане анонимен, со вас го споделува своето искуство, до кое дошол на другиот крај од планетата.
Станува збор за Игор кој е инженер, а живее и работи во Москва веќе 10 години. Русите се познати како исклучително религиозен народ, православен народ, а во Русија постојат голем број цркви и манастири. При посетата на познатиот Боровски манастир, Игор се сретнал со свештеникот за кој се говорело дека со своите совети и рецепти им помогнал на илјадници луѓе.
На средбата Игор добил практични совети како да го одржи своето здравје во совршена состојба и неколку рецепти. Но бидејќи станува збор за човек од науката, веднаш зел научно да ги провери тврдењата на свештеникот.
Станува збор за неколку намирници кои секој ги има дома, а за кои не сме свесни колку се всушност лековити и како да ги употребиме за лековити цели.
Ова е списокот со рецептите:
1.СОДА БИКАРБОНА
Еднаш дневно треба да се размати едно рамно лажиче сода бикарбона во чаша вода и да се испие. На почетокот се почнува со помала доза, со половина лажича сода без алуминиум. Ова е најдобро да се прави навечер.
2.ХИДРOГЕН ПЕРОКСИД 3%
Три до пет капки во чаша вода, најдобро да се испие наутро.
3.ЗЕЛЕН ЧАЈ
Една шолја зелен чај кој е прогласен за најздравиот напиток на свет, треба да се пие секој ден.
4.ЛУК
Иако многумина не го сакаат и го одбегнуваат поради силниот мирис, добро е познато дека тој е природен антибиотик. Доволно е едно чешне да се исечка ситно и да се остави малку да се просуши. Може да се промеша во јогурт или кисело млеко. Русите го пијат со вода.
5.ВОДА
За водата не е потребно многу да се зборува, јасно им е на сите колку е здрава. Меѓутоа, овде се става акцент на рН вредноста. Идеалната рН вредност треба да биде 7,42 до 8.
Игор сето ова го прифатил со одредена доза скептицизам и одлучил малку научно да истражи. Па така, додека истражувал налетал на познатиот доктор Иван Павловиќ Неумивакин, професор и првак во руската медицина во космонауката кој основал прва болница на руски вселенски брод.
Имено, тој бил задолжен за здравјето на астронаутите.
Додека Игор ја истражувал работата на доктор Неумивакин, се изненадил кога открил дека славниот доктор говори за истите рецепти како и свештеникот. И не само што говорел за нив, туку и научно ја докажувал нивната делотворност.
Во бројни видеа кои можат да се најдат на јутјуб овој доктор детално ги анализира благодетите од хидрогенот и сода бикарбоната. Тој наведува бројни примери и научни студии колку овие супстанци се чудотворни. Докторот детално ги објаснува хемиските карактеристики на овие материи, како тие делуваат врз организмот и како лекуваат.
Игор и неговото семејство овие рецепти ги користат секојдневно веќе цела година. Неговата ќерка вели дека имунитетот на сите драстично им зајакнал.
“Ние сите сме здрави, имунитетот ни е одличен. На пример, зимава што помина имаше многу вируси, декември, јануари… цела седмица бев во опкружување со луѓе кои беа многу болни и мислев дека и јас сум готова! Немаше шанси и мене да не ме закачи вирусот…меѓутоа, ништо! – раскажува таа.