Одлична, освежителна, особено кога е изладена. Рецептот е одличен!
Потребни состојки:
500 г готови кори
5 јајца
1 шолја од 250 мл шеќер
1 шолја јогурт/кисело млеко/кисела павлака
1 шолја масло
3 лажици полни гриз
2 ванилин шеќер
1 кг вишни без семки, може и повеќе
1 прашок за печиво
Постапка:
Јајцата се матат со шеќерот додека да се растопи, па потоа се додава киселата павлака, маслото, гризот и прашокот за печиво.
Тепсија со величина 38х22 см намастете ја со масло и ставете две кори на дното.
Наредете ги вишните што погусто, прелијте ги со малку од смесата.
Повторно ставете две кори и продолжете со постапката додека да ви се потроши материјалот. Корите редете ги малку гужвани, а последните две кори кои се ставаат одозгора нека бидат рамни. Оставете си и малку од смесата за да ги прелиете корите одозгора.
Наросете малку масло, избоцкајте внимателно со вилјушка и ставете да се пече на 160-170 степени околу 40 минути.
После 15-20 минути од печењето прелијте со остатокот од смесата и ставете да да се допече до крај.