Потребни состојки:

400 мл млеко

1 пудинг од ванила

2 јајца

40 г шеќер кристал

170 г путер

150 г шеќер во прав

200 мл слатка павлака

48 парчиња бисквити

млеко и рум по потреба

Постапка:

Околу 350 мл млеко ставете на оган да се зготви. Во остатокот од млекото измешајте јајца, пудинг и шеќер. Кога млекото ќе проврие, прегнете го на страна и полека во него додадете ја смесата од јајца и пудинг.

Добро промешајте, вратете на тивок оган и продолжете со готвење додека да згусне како пудинг. Оставете да излади, но провремено промешувајте за да не фати коричка или одозгора ставете проѕирна фолија.

Путерот пенасто измиксајте го заедно со шеќерот во прав и во него постепено додавајте од пудингот и миксајте додека сето да се изедначи.

На тацна за сервирање наредете 16 бисквити кои претходно малку сте ги натопиле во млеко помешано со малку рум, по желба.

Редете ред бисквити, ред крем, ред бисквити, крем и на крај бисквити.

Измиксајте шлаг и со него украсете го колачот и по желба наросете со какао, рендано чоколадо или шарени трошки.

Оставете состојките да се соединат барем 2-3 часа пред послужување.