Потребни состојки:
За ќофтиња:
500 г мелено месо
100 г овесни снегулки
2-3 чешниња лук
1 литак млад громид
1 лажица сечкан магдонос
Сол, црн пипер по вкус
½ лажичка куркума во прав
1 јајце
150 мл бело вино
За прелив:
2 лажици кисела павлака
1 лажица доматно пире
100 мл неутрална течна павлака за готвење
100 мл вода
Сол, црн пипер по вкус
Сечкан магдонос
2 прстофати толчен пипер (буковец)
Потребно е уште: 800 г млад компир
Постапка:
Во еден сад ставете го меленото месо, мелените овесни снегулки, сечканиот кромид и лук, едно јајце, сечкан магдонос, куркума, сол, мелен црн пипер и 150 мл бело вино. Добро измешајте со рака и оставете да отстои половина час, па потоа направете 28-30 ќофтиња.
Ако компирите не помали тогаш сечете ги на половина, излупете ги и сварете ги во вода што врие но само 3 минути. Исцедете го, додадете 1 лажица масло, сол, црн пипер и измешајте.
Во намастениот сад за печење наредете во груг жофтиња, ред компири (со сечената страна надолу). Печете на 200 степени околу 30 минути.
Направете прелив: измешајте 2 лажици кисела павлака, 1 лажица доматен сос, 100 мл павлака за готвење, 100 мл вода, сол, црн пипер, сечкан магдонос и 2 прстофати буковец. После половина час печење прелијте ги ќофтињата и компирите со овој сос и печете уште 15 минути.
На крај одозгора наросете со сечкан магдонос.