Ова е рецепт за напиток кој може да ги одзатне артериите, да го намали нивото на лошиот холестерол и да го нормализира крвниот притисок.
Поради нашиот начин на живеење изложени сме на многу штетни материи кои предизвикуваат различни здравствени состојби.
Проблемите со артериите, со високиот крвен притисок и лошиот холестерол можат да исчезнат благодарение на овој одличен напиток.
Комбинацијата на овие супер здрави состојки има голем ефект врз целото тело.
Овој природен лек ги чисти артериите и спречува појава на калцификација во телото.
Комбинацијата од лимон, вода, ѓумбир и лук на кој со кратка термичка обработка ќе му се неутрализира мирисот, претставува одличен и ефикасен лек кој ќе го елиминира плакот од вашите крвни садови.
ЗА ОВОЈ ЛЕК ЌЕ ВИ БИДЕ ПОТРЕБНО:
4 лимони со кора (обидете се да се купите органски)
4 главици лук
4 см парче корен од ѓумбир
2 литри вода
ПОСТАПКА:
Измијте го лимонот и исечете го на парчиња.
Излупете го лукот и сомелете го заедно со ѓумбирот и лимонот.
Добиената смеса прелијте ја со вода и ставете на оган. Кога ќе зоврие тргнете од оган и оставете да излади.
Процедете во стаклени шишиња и чувајте во фрижидер.
УПОТРЕБА:
Се пие по половина чаша секој ден, најмалку два часа пред јадење, односно на празен стомак.