Куминот (Cuminum cyminum) е билка со силен мирис, со потекло од Египет, која се одгледувала претежно на Медитеранот, но и во арапските земји, во Индија, Турција и Кина.
Низ историјата, се користел како зачин и лек. Се спомнува уште во текстовите на Римјаните (како зачин и замена за црниот пипер, кој во тоа време бил многу скап и недостапен, па и како симбол на скромноста и алчноста) и во Библијата.
Во средниот век станал доста популарен зачин, а во арапскиот свет се верувало дека е афродизијак.
Инаку куминот има горчливо-лут вкус и доста продорен мирис. Во кулинарството се користи во зрно или мелен, а е една од состојките во комбинацијата на зачините кари и гарам масала.
Одлична арома дава на мексикански, индиски и арапски јадења. Но секако можете да го додадете во маринади, сосови, месо, колбаси, скара, леќа, јадења со сирење или јајца, грав, морска риба и кускус.
Денес куминот не се користи само како зачин, туку се смета дека има и лековити својства.
*Семето е добар извор на железо, па затоа треба да се консумира за подобрување на крвната слика или при лечење на анемија.
*Добар извор на енергија на организмот, како и за зголемување на имунитетот.
*Освен тоа, добар е и за и за подобрување на дигестивниот систем, контрола на болката во стомакот, варење, пролив, гадење.
*Во последно време се зборува и дека има можни антиканцерогени-делувања.
*Антисептичкото својство на куминот може да помогне во борбата против грип и настинка, и тоа на следниот начин: во чаша зовриена вода со куминово семе, измешајте ѓумбир, лисја од босилек и мед – ова може да ја ублажи настинката.
*Куминот е исто така ефективен во стимулирањето на менструалниот циклус кај жените.
Честопати куминот го мешаме со многу сличниот зачин ким.
КУМИН(Cuminum cyminum) И КИМ (CARUM CARV)
Иако потекнуваат од иста фамилија, сепак куминот е кимот не се исто, а се разликуваат и по мирис и по вкус.
Кимот кај нас главно се продава во зрно, а се користи и како зачин за печива и чорби.
Кумин може да се пронајде најчесто во облик на прав, а се продава во продавници за здрава храна.
Има специфичен и многу силен мирис, па затоа се препорачува во мали количини. За неговите лековити својства пишувавме погоре, па затоа е пожелно да се вметне во секојдневната исхрана.
ЧАЈ ОД КУМИН ЗА СЛАБЕЕЊЕ
Потребни состојки:
1 зелено јаболко по можност непрскано
1 супена лажица кумин
500 мл вода
Постапка:
Јаболкото ако е купечко излупете го и исечкајте го на коцки. Водата ставете ја на оган да зоврие.
Во зовриената вода ставете го јаболкото и куминот и оставете да вријат 10-15 минути, а за тоа време ќе испари дел од водата и ќе останат околу 250-300 мл чај.
Процедете го и пијте го чајот заедно со појадокот, најмалку 30 дена за најдобри резултати.
ВОДА ОД КУМИН ЗА СЛАБЕЕЊЕ
Две лажици кумин потопете во чаша вода и покријте да отстои преку цела ноќ.
Напитокот пијте го наутро на гладен стомак.
Со редовна консумација на оваа вода ќе се ослободите од салото на стомакот за само 15 дена.