Медени крофнички, локумадес: одлично изгледаат, превкусни се!

loading...

Медените крофнички или локми, се сметаат за дел од грчката кујна, но и од турската… од каде и да потекнуваат, не е важно, превкусни се!

Се користи шолја од 250 мл.

Потребни состојки:

1 шолја топла вода

loading...

1 шолја млеко

1,5 лажица сув квасец

2 лажици шеќер

4 лажици масло

3-5 шолји брашно тип 500

1 шолја мед

Масло за пржење

Постапка:

Водата и квасецот заедно со шеќерот измешајте ги и оставете ги на топло. Кога ќе се активира квасецот додадете млеко, масло, брашно и замесете малку поретка смеса. Оставете да надојде.

Кога тестото ќе се удвои, се пржат мали локми во врело масло исто како класични крофни.

Најлесно е тестото да се стави во готварски шприц или најлонска кеса, па да се истискува малку по малку, слично како за тулумби.

Маслото треба да биде загреано на средна температура. Медот малку се загрева за да биде течен, па пржените локми ги ставаме во медот и ги поклопуваме за да омекнат.

loading...