Великденскиот пост во 2026 година започнува на 23 февруари и трае до 12 април, односно цели 48 дена.
Станува збор за најдолгиот и најстрогиот пост во православната традиција, кој не се однесува само на храната, туку и на начинот на живот, мислите, односите и одлуките.
Според црковниот типик, се пости на вода, со разрешение на масло за викенд, додека риба е дозволена само на големите празници – Благовештение (7 април) и Цветници (5 април).
„Постот не е диета, туку пат кон внатрешно прочистување“, велат духовниците.

🗓️ ПРЕГЛЕД НА СИТЕ 7 НЕДЕЛИ ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ
1️⃣ Чиста недела (Тодорова / Теодорова)
Првата недела е најстрога и се нарекува Недела на Православието.
Според старите правила, првите три дена се практикува тримир – целосно воздржување од храна и пијалак. Во четвртокот е дозволено масло, петокот е на вода, а викендот – на масло.
🔹 Народно верување:
Се смета дека како ќе ти започне Чистата недела – така ќе ти оди целата година. Затоа старите велеле: не позајмувај пари, не се карај и не започнувај долгови.
🔹 Соништа:
Соништата во оваа недела се толкуваат како „чистење“ – ако сонувате вода, тоа се смета за добар знак за нов почеток и финансиско олеснување.
2️⃣ Втората е Недела на свети Григориј Палама
Понеделник започнува со разрешение на масло поради празникот на Св. Теодор Тирон, а потоа следи пост на вода од понеделник до петок. За викендот е дозволено масло.
🔹 Обичај:
Во некои краеви се верува дека ако во оваа недела се расчисти домот и се фрлат старите предмети, се отвора пат за бериќет.
3️⃣ Крстопоклона недела – Недела на Чесниот Крст
Посветена на Чесниот крст. Во понеделник е дозволено масло, остатокот од работната недела – пост на вода. Сабота и недела – на масло.
🔹 Симболика:
Крстот се доживува како заштита од загуби – и духовни и материјални.
🔹 Финансиско верување:
Не се препорачува потпишување договори во оваа недела, но е поволна за планирање и штедење.
4️⃣ Средопосна недела – на свети Јован Лествичник
Точно на средината од постот – време за преиспитување. Цела недела се пости на вода, со исклучок на сабота и недела кога е дозволено масло.
🔹 Народна мудрост:
„Кој ќе издржи до Средопосна, ќе издржи до крај.“
🔹 Соништа:
Сонување леб или трпеза во оваа недела се толкува како најава за стабилност и сигурност во домот.
5️⃣ Глува недела – на света Марија Египќанка
Недела на тишина, покајание и воздржаност. Опд понеделник до петок се пости на вода, за викенд на масло.
🔹 Строго се избегнуваат веселби, гласна музика и забави.
🔹 Верување за бериќет:
Се смета дека секоја тишина во оваа недела „се претвора во мир во куќата“ во текот на годината.
6️⃣ Цветна недела (Лазарева сабота и Цветници)
🔹 Лазарева сабота – разрешение на масло
🔹 Цветници – риба е дозволена
Ова е најрадосната недела во постот. Се пости на вода во работните денови, во сабота на масло, а во недела – риба.
🔹 Народен обичај:
Се внесуваат гранчиња врба во домот – симбол на живот, здравје и напредок.
🔹 Финансиска симболика:
Рибата на Цветници се смета за знак на изобилие и напредок, особено во работата.
7️⃣ Страдална (Страсна) недела – Велика недела
Најстрогата и најдлабока недела. Во понеделник се пости на вада, во вторник е Благовештение (масло/риба?), следните 2 дена на масло, петок без храна, во сабота на вода.
🔹 Велики петок – целосно воздржување од храна
🔹 Сабота – пост на вода
🔹 Недела – Воскресение Христово
🔹 Народно верување:
Сè што ќе се прости во оваа недела, се враќа како благослов.
✨ ЗОШТО ВЕЛИКИОТ ПОСТ СЕ СМЕТА ЗА ВРЕМЕ НА БЕРИЌЕТ?
Во народот постои верување дека постот ја „чисти“ и куќата и судбината. Луѓето кои постат искрено, според старите, имаат:
• помалку ненадејни трошоци
• повеќе стабилност
• мир во домот
• подобра работа или нова можност до лето





































