Домашна алва со бадем и лешник , преслаткааа…

Сè што ви е потребно е едно убаво длабоко тавче, дрвена лажица, кафеав шеќер, гриз, вода, масло и бадемчиња или лешничиња или нешто по ваш вкус.

Фото и рецепт: Елена Сетинова

Потребни состојки:

1/2 филџан масло

1/2 филџан шеќер

1 филџан гриз

3 филџани млака вода

Бадеми и лешници

Постапка:

1/2 филџан масло, 1 филџан шеќер и 1 филџан гриз се пржат во длабоко тавче.

Кога ќе добијат боја на старо злато се додаваат 3 филџани млака вода.

Температурата се намалува и интензивно се меша со дрвена лажица.

Згуснатата маса се трга од оган, се додаваат бадемите, се прелева во плех, се сече во вид на ромб и се пропрскува со мелен лешник. Наздравје 😊

Напомена: Додека ја правите алвата мешате со дрвената лажица интензивно, кога ја додавате водата тргнете го тавчето од оган оти многу прска……и вратето го на ринглата со намалена температура.

Фото и рецепт: Елена Сетинова