Фото и рецепт: Ева Моштановска
Потребни состојки:
800 г брашно
1 квасец
1 мал филџан масло
1 лажичка сол или по вкус
Млака вода за замесување
125 г маргарин или путер (половина од 250 г)
Фил: блитва и сирење или по вкус
За премачкување одозгора:
3 јајца
250 мл јогурт
Постапка:
Погача полжав, брз зелник како сакате 🙂 превкусно и лесно за правење.
800 г брашно, квасец, еден филџан масло (од најмалите), сол и млака вода за замесување. Се меси меко тесто кое се остава 20 минути да надојде.
Потоа се сучи правоаголна кора која се премачкува со половина маргарин и се става фил по желба (јас ставив блитва и сирење).
Се витка прво како ролат а потоа како полжав се става во тавче (бр.32 е моето).
Се остава уште 15-ина минути пред печење да нарасне, се засекува и се потура со изматени јајца и јогурт. Се пече 30 минути на 180°
Фото и рецепт: Ева Моштановска
Адри Тралала: “Фантастично излезе, толку е мека што едвај ја извадив од тавата.”