Ако последниве денови забележувате дека социјалните мрежи се преплавени со видеа од луѓе кои пијат топла вода, варат јаболка и го забавуваат ритамот на живот, не станува збор за случајност.
Во прашање е глобален тренд познат како „кинеска ера“, кој потекнува од кинеската култура и традиционалниот пристап кон здравјето.
Овој тренд не нуди брзи решенија, туку повикува на свесно забавување, грижа за телото одвнатре и враќање кон топла, сезонска храна, особено во студениот период од годината, пишува НМД.

🧘♀️ Што претставува „кинеската ера“?
„Кинеската ера“ е симболичен назив за начин на живот инспириран од принципите на традиционалната кинеска медицина, каде што се верува дека:
• телото подобро функционира со топли напитоци и оброци
• ладната храна ја троши енергијата
• дигестивниот систем е центар на целокупното здравје
Наместо постојан стрес, ладни пијалаци и брза храна, акцентот е ставен на:
• топла вода наутро
• варено овошје, особено јаболка
• јадење во мир и тишина
• слушање на сигналите на телото
🍏 Рецепт: Варени јаболка – основа на трендот
Потребни состојки:
• 2 до 3 јаболка
• вода (доволно да ги покрие)
• по желба:
• малку цимет
• парче свеж ѓумбир
• НМД
Начин на подготовка:
1. Јаболкате измијте ги, излупете ги (по желба) и исечете ги на парчиња.
2. Ставете ги во тенџере и сипете вода додека целосно се покријат.
3. Варете на тивок оган 10–15 минути, додека да омекнат.
4. Додајте цимет или ѓумбир при крајот, ако сакате побогат вкус.
🥣 Како се консумира и во која количина?
• Се јаде топло, најчесто наутро или навечер
• 1 порција = 1 до 2 јаболка дневно
• Може да се консумира самостојно или со малку од водата во која се вареле
Важно: не се јаде ладно и не директно од фрижидер.
🔬 Како делуваат варените јаболка и топлата вода?
Според традиционалните верувања, но и современите нутриционистички набљудувања:
• ја олеснуваат дигестијата
• го намалуваат надувањето
• го загреваат телото одвнатре
• помагаат при чувствителен желудник
• придонесуваат за подобра апсорпција на хранливи материи
Топлата вода наутро дополнително:
• го активира метаболизмот
• го хидрира телото без шок за организмот
💡 Интересни и практични совети
• Не пијте ледена вода, особено на празен желудник
• Заменете еден ладен оброк дневно со топол
• Јадете побавно и без телефон
• Во зима избегнувајте ладни салати наутро
• Комбинирајте го овој ритуал со кратка прошетка или длабоко дишење

































