Добар рецепт за едноставен и брз колач на вода. Може да се прави и секојдневно бидејќи многу е вкусен и сочен, не се забележува дека во него нема масло, млеко и јајца.
Споделете го рецептот со вашите пријатели.
Потребни состојки:
400 мл вода
250 г брашно
1 прашок за печиво
3 полни лажици џем (јас користев од јагода, но може било кој)
100 г шеќер
За прелив:
2 лажици какао во прав
50 г шеќер
100 мл вода
1 ванилин шеќер
Постапка:
Вклучете ја рерната на 200 степени.
Изматете шеќер, вода, џем.
Додадете брашно и прашок за печиво. Не треба да користите миксер.
Излејте во помала тепсија и печете околу 20-30 минути.
Сварете ги сите состојки кои се наведени за прелив и додека е врел прелијте преку врелиот колач.
Одозгора наросете со кокос или мелени ореви или нешто по ваша желба. Оставете целосно да излади, па сечете на коцки и послужете.
Деталите можете да ги погледнете во видеото: