Многу брзо се приготвуваат и претставуваат одличен посен десерт кој ќе ви даде позитивна енергија. Ќе уживате и во нивното приготвување и во нивниот вкус.

Потребни состојки:

24 суви смокви

50 г бадеми

50 г чоколадо за готвење

250 г маргарин (или путер)

Постапка:

Смоквите ги ставаме во врела вода да омекнат. Кога ќе изладат им го отстрануваме горниот дела со рачката, па со лажица ги длабиме смоквите.

Бадемите претходно истостирани ги дробиме ситно, да не се мелени премногу ситно, или бадеми исечени на листови и испржени па ги дробиме со прсти на ситни парчиња.

Чоколадото го топиме на пареа, па кога че излади, го додаваме маргаринот исечкан на парчиња и бадемите. Мешаме убаво да се соедини.

Со филот ги полниме смоквите и ги затвораме со претходно исечениот дел.

Ги оставаме да изладат, па ги редиме во хартиени корпички и ги редиме на чинија.